Тутунот се откупува по 120 денари за килограм

Bez autora
Dec 26 2010

Тутунарите бараат итна средба со министерот за земјоделство, Љупчо Димовски бидејќи не се задоволни од цената по која откупните претпријатија им го плаќаат тутунот од ланскиот род. Тие се жалат дека наместо 185 денари колку што очекуваат да добијат, за килограм тутун им се исплаќаат едвај 170 денари. Велат дека половина од договорените количини им се проценуваат и преземаат како трета или четврта класа, а тоа значително ја намалува цената на "жолтото злато" до 120 денари. Нацо Јанкулов од општина Конче, претседател на Комисијата за откуп при Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите, смета дека тутунот треба да се продава по најмалку 160 до 180 денари, но никако под 150 денари како што е сега случај.

Тутунот се откупува по 120 денари за килограмТутунарите бараат итна средба со министерот за земјоделство, Љупчо Димовски бидејќи не се задоволни од цената по која откупните претпријатија им го плаќаат тутунот од ланскиот род.

Тие се жалат дека наместо 185 денари колку што очекуваат да добијат, за килограм тутун им се исплаќаат едвај 170 денари. Велат дека половина од договорените количини им се проценуваат и преземаат како трета или четврта класа, а тоа значително ја намалува цената на "жолтото злато" до 120 денари.

Нацо Јанкулов од општина Конче, претседател на Комисијата за откуп при Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите, смета дека тутунот треба да се продава по најмалку 160 до 180 денари, но никако под 150 денари како што е сега случај.

- Откупувачите го купуваат тутунот како трета "А", трета "Б" и четврта класа по 100 до 120 денари што е сосема нелогично зашто квалитетот е одличен, многу подобар од ланскиот кога беше постигната цена од 190 денари. Ако така продолжат, цената ќе падне на 70 до 90 денари - вели Јанкулов.

Моментално во Радовишко тутунот се откупува од 100 до 120 денари, поради што производителите не го даваат родот и откупот е стопиран. Со оваа сума тие велат дека се во загуба, бидејќи не можат да ги покријат ниту производните трошоци, а за добивка и не размислуваат.

- Побарав од откупувачите цената да изнесува барем 150 денари, но ми рекоа дека е многу и продолжија да даваат по максимум 120 денари - вели Јанкулов и додава дека квалитетот на т.н. долна берба или "подбир" е навистина слаб, но на сите други е екстра.

Во Прилеп, пак, како што информира претседателот на Сојузот на тутунските здруженија, Данчо Милевски, откупната цена се движи меѓу 170 и 172 денара.

Тутунарите за понеделник најавуваат средба кај министерот за земјоделство, Љупчо Димовски. На претходната, одржана пред пет дена, побараа реална проценка на тутунот, преземање на тутунот во три класи и 185 денари да биде просечната цена. По средбата си отидоа задоволни бидејќи, како што рекоа, откупувачите покажале расположение за "поблага" проценка на родот и разговорите, генерално се придвижиле во позитивна насока.

Во договорите на производителите и откупувачите стои дека прва, втора и трета класа тутун ќе се откупуваат по 208, 162 и 123 денари. Пред почетокот на откупот тутунарите бараа зголемување на овие цени за 20 до 30 отсто, односно 250, 200 и 170 денари за прва, втора и трета класа поради производните трошоци кои, според нивната математика, годинава пораснале за речиси 50 проценти.

Годинашното производство на тутун се проценува на околу 25.000 тони. Откупот, според најновите законски измени, треба да заврши заклучно со 15 март идната година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik